Со раст од 84% на проценетата вредност на брендот, Apple успеа годинава да го симне од врвот Google кој на листата на највредните брендови се наоѓаше четири години по ред.Компанијата Milward Brown секоја година традиционално ја претставува својата Brandz листа на највредните брендови на светот. Според податоците на аналитичарите од оваа компанија, минатата година донесе значителни промени на врвот на листата, а претставувањето на таблет компјутерите на Apple допринело оваа компанија да се најде на врвот на листата на највредните брендови на светот.
Според проценката на Milward Brown, вредноста на Apple сега изнесува 153 милијарди долари.
Еве ги и првите десет највредни брендови на листата:
1. Apple - 153 милијарди долари
2. Google 111 милијарди долари
3. IBM 100 милијарди долари
4. McDonald's 81 милијарди долари
5. Microsoft 78 милијарди долари
6. Coca Cola 73 милијарди долари
7. AT&T $70 милијарди долари
8. Marlboro 67 милијарди долари
9. China Mobile 57 милијарди долари
10. GE 50 милијарди долари