Љубов: Некои во текот на првата половина од месецот ќе бидат во вистинско љубовно искушение да (не) се вплеткаат во тајна љубовна врска. Многу нешта ќе ги влечат во тој правец, па навистина ќе треба да имаат студена глава и трезвено да размислат дали тоа им треба или пак не. Втората половина од месецот носи вистинска љубовна рапсодија. Оние што се сè уште сами нека излегуваат во друштво затоа што шансите да сретнат и заведат некого се навистина големи. Оние пак во врска ќе уживаат како одамна што не уживале
Работа: Долго време се подготвувавте да излезете на бина. Овој месец навистина би можел да биде ваш. Треба да добиете можност да го покажете својот талент или професионална умешност. Нека не ве загрижува повремената тмурна атмосфера на работното место, таа не е последица на вашето делување. Вие сте светилка која би можела да засвети, па немојте да го притискате прекинувачот. Докажете се. Најдобар водич што да направите во даден момент е вашата интуиција. Следете ја и нема да згрешите.
Здравје и совет: Оние што се лекувале во здравствени установи би требало да оздрават. Сите останати ќе бидат добро.