Љубов: Вашите љубовни аспирации ќе бидат поврзани со широкото друштво или вашите пријатели. Ако тие ве поканат да излезете, а сè уште сте сами, секако прифатете ја поканата затоа што во првата половина од месецот постои голема шанса преку нив да најдете сродна душа или пак некое пријателство да се претвори во љубов. Вториот дел од месецот донесува повеќе љубов, па ќе уживате во блискоста и интимноста со личноста која ја сакате.
Работа: Поголемиот дел од месецот ќе се одмеруваат вашите заслуги. Ќе имате можност да го продолжите или да го проширите започнатото благодарејќи на постигнатите успеси. Кај некои ќе се работи за проценка на нивната работа. Важно е да се покажете во најдобро светло. Како што одминува месецот, ќе имате потреба да се повлечете и да работите во мир и тишина. Оние пак што истражуваат ќе имаат полни раце работа.
Здравје и совет: Нема значајни предизвици по вашето здравје. Ќе биде стабилно и добро.