Љубов: Подгответе се за напорна прва половина од месецот, Можно е ништо да не оди онака како што посакувате. Ќе морате да се прилагодувате на другата страна и нејзините потреби и желби. Важно е да не влетувате (во непромислени) расправии бидејќи тие никаде не водат. Бидете толерантни колку што можете и секако, трпеливи. Вториот дел од месецот работите ќе бидат полесни, но ќе има сè уште предизвици кои ќе мора да ги совладате. И понатаму се очекува вештина на дипломатија и соработка. Единствено така можете да ги одржите солидните лични односи. Барем за сега.
Работа: Преговарање, договарање – сето тоа би можело да дојде на дневен ред во овој месец. Морате добро да управувате за евентуално да постигнете нешто од она што би сакале. Главните потези ги влечат други, затоа е потребна добра вештина на уверување, но не по секоја цена. Ако видите дека нешто се движи со сила, повлечете се и чекајте поволен период. Другите ќе ве подржат ако бидете тактични.
Здравје и совет: Многу планети во опозиција на вашиот знак ќе го ослабат вашиот имунитет. Важно е да живеете здраво и редовно да се одмарате.