Џорџ Мајкл го најави својот нов албум и турнеја низ светот за истиот. Како што најави, албумот ќе претставува соработка само со геј музичари и ќе биде наменет за целата геј публика.
Мајкл, горд на својата сексуалност, кажа дека проектот го прави за да ги заштити младите геј луѓе, кои се дискриминирани од останатите пејачи. Во чест на каењето кое тој го чувствува, поради фактот што порано не направил сличен потег, пејачот најави дека албумот ќе биде соработка со млади, неафирмирани геј музичари.
„Мојот следен албум ќе се обиде да ја поправи штетата која што ја предизвикав правејќи се себеси топ вест, не оставајќи слободен простор младите да се одбранат од тој јазик“, кажа Мајкл, пренесува Guardian.
Инаку, Џорџ Мајкл е во врска со Кени Гос од 1996. година, а својата сексуалност ја призна во 1998. година, откако беше „фатен“ во тоалет во Беверли Хилс.
„Се чувствувам полн со енергија, откако неодамна ми се случија некои неубави работи. Во моментите на опоравување, нема ништо подобро од турнеја. Таа ми дава поттик да се грижам за себе и да се сакам самиот“, кажа пејачот