Љубов: Ќе имате многу отворени љубовни можности. Ако сте во врска, заедно со саканата личност ќе ги проширите хоризонтите. Ако сте сè уште сами, ќе се заинтересирате за личност која не е од вашето поднебје, или би можеле да најдете сродна душа на некое патување. Добро ќе функционирате во љубовниот живот и ќе бидете среќни. Втората половина од месецот донесува некои љубовни искушенија и барања на тема доминација во врската. Внимавајте да не претерате во самофалењето, притисокот кон другата страна или едноставно да не бидете тврдоглави.
Работа: Ако малку подобро се сконцентрирате, ќе забележите дека и покрај препреките скоро сите врати ви се отворени. Тие на крајот ќе се покажат само како ваша илузија. Ја градите ли кариерата на темелите од вашето знаење? Ова е месец во кој навистина можете да заиграте на таа карта. Некои ќе се потрудат професионално да се усовршат. Оние што учат ќе имаат успех.
Здравје и совет: Првиот дел од месецот пукате од сила, а во текот на втората половина ќе се јавува умор, па економизирајте со своите сили.